Голем број охриѓани денеска се придружија на активностите што во рамките на кампањата за борба против срцево-садови заболувања ги организира општинската организација на Црвениот крст. Охриѓани денеска масовно пешачат на патеката покрај езерото од Градското пристаниште до плажата Горица 3.


Пешки до здраво срце

Во насока на промоција на здраво живеење за здраво срце на паркингот кај плажата Горица 3  се реализираат различни активности (квиз, аеробик, бадминтон, анкета, здравствени прегледи, совети од стручни лица и др.)


Градоначалникот Петрески (трет од десно) и организаторите


Не мора само пешки, може и со точак

Целта на организирањето на рекреативните активности е на тој начин да се влијае кај луѓето на промена на животните навики и поголема физичка активност како најдобра превентива во спречување на срцевите заболувања кои се водечки фактор на смртност во земјава.

Фото:
В. Бујароски