Турбо ритамот, вторник – сабота е еден од проблемите за охридскиот тим.
– Имавме згуснат распоред на натпревари. Одиме во Кавадарци да играме кошарка, доборо ја познавам нивната екипа, која поради притисоокот тешко игра на домашен терен. Со смирена игра во нападот и дисцоплинирана одбрана може да стигнеме до три бода во Кавадарци -вели капитенот на Амак Сп Ефтим Богоев.
Тренерот Марјан Лазовски во пресрет на дерби натпреварот фаворитската улога им ја препушта на домаќините.
– Актуелниот шампион е фаворит во мечот, но тоа не мора ништо да значи. За натпреварот во Кавадарци во тимот ќе се врати Џарид Фрај. Одиме на мегдан со Фени да се надигруваме , па подобриот нека победи. Наша цел во првиот дел од првенството е да бидеме во врвот меѓу првите четири, па откако ќе комплетираме ростерот очекувам на пролет борба за титулите – вели Лазовски.
Охриѓани се уште не го решија најгорливото прашање, а тоа е центарот кој би ја затворил празнината под обрачите.
Натпреварот Фени – Амак Сп се игра утре со почеток во 19 часот со директен пренос на Македонската телевизија.