Охридскиот билјард клуб „Осумка“ ќе биде дел од Балканскиот турнир, кој викендов ќе се одржи во Прилеп и е прв од вакви размери во нашата држава.
Дарко Данески и Борис Белески ќе бидат охридски преставници кои ќе атакуваат на што повисок пласман на Балканскиот турнир.
Во клубот, кој е формиран во август минатата година покрај Данески и Белески членуваат уште Васко Иваноски, Тарик Пател, Билјана Ѓоргиоска, Климент Тулески и Бојан Секуловски.
По завршувањето на турнирот во Прилеп од клубот најавуваат формирање на регионална лига во која ќе учествуваат натпреварувачи од Охрид и Струга.
Мх.П.