Граѓаните на Охрид денеска имаа прилика да контактираат со претставнци на институцијата јавен правобранител, на кои им се пожалија за проблемите со кои се соочуваат во остварувањето на нивните права пред јавните институции.

Бавната бирократија и натаму е главен проблем вели Даут Селими, заменик јавен правобранител на РМ, од регионалната канцеларија во Кичево, која го покрива и реонот на Охрид. “ Во Охрид најмногу претставки од граѓаните добиваме од сферата на урбанизмот, за долгогодишни нерешени имотно правни односи, а голем број од предметите што ги добиваме се однесуваат и на експропријацијата и денационализацијата кои бавно се одвивваат“, рече Селмани.

Во Охрид нема многу случаи кои се однесуваат на кршење на човековите права. Најчесто граѓаните се жалат на кршење на правата од работни односи што е во надлежност на трудовата инспекција до која ние поднесуваме претставки , вели Селими.

Често пати граѓаните до јавниот правобранител се обраќаат и неосновано, но таквите случаи се упатуваат до соодветната институција,  вели Селими. Граѓаните до правобранителот се обраќаат писмено или усно, а одговор на претствките добиваат во рок од 15 дена објаснува  Селими, кој информираше дека  месечно од Охрид добиваат околу 15 претставки.


правобранителството на средба со охриѓани

Граѓаните на Охрид Институцијата народен правобранител, можат да ја контактираат секоја последна среда во месецот во зградата на општина Охрид.

Г. Момироски