Граѓаните најмногу се интересирале за решавање на инфраструктурните проблеми, но и за вработување. Петрески истакна дека како градоначалник сочувствува со невработените граѓани, но кажа дека согласно законот решавањето на ова прашање е под ингеренции на државата.
Градоначалникот смета дека со привлекувањето на инвеститори во Охрид ќе се отворат нови работни места со што ќе се намали овој социјален проблем.