Ракометарите на Охрид мотивирано ја пречекуваат дерби пресметката со Прилеп в недела (19 часот) во „Билјанини Извори“ во седмата рунда од Супер лигага.
Проблемите со повредите нема да ги поколеба „гладијаторите“ кои со триумф против Прилеп ќе направат голем чекор кон пласман во плејофот.
– Се соочивме со одредени проблеми по повредата на Мите Караиванов, а дополнително ни се закомпликуваа работите со ситната повреда на Јосип Кежиќ кој не тренираше со екипата до сега. Но, сите заедно како екипа можеме да ги надминиме проблемите кои само на два меча сезонава не избегнаа. – рече Горан Андоновски и додаде. – Ракометарите се желни за игра и докажување, а дополнителен мотив ќе им биде полната сала в недела. Прилеп е силен противник. Тие го задржаа костурот од минатата сезона, а доведоа нови пет ракометари од надвор.
Дерби пресметката во седмата рунда од Супер лигата ќе ја судат скопските судии Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев.
Мх.П.