По драматичната победа над Куманово пред охридските ракометарие е нов натпревар во Супер лигата на домашен терен и тоа против Текстилец.

– Тимот на Текстилец за разлика од нас има една година искутво во Супер лигата што е многу значајно во вакви натпревари. Нашите противници сеуште немаат победа, но тоа не треба да не залажува бидејќи нивниот распоред на стартот од сезоната беше далеку потежок од нашиот – рече тренерот на охриѓани, Горан Андоновски.

Ракометарите на Охрид веруваат во триумф, кој ќе биде трет сезонава, втор во низа. Во трите натпревари што ги одиграа на домашен терен само екипата на Овче Поле остана непоразена и со бод замина од Охрид.

– Како и секогаш ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме охридската публика. Низ видео снимки ги лоциравме нивните слабости и предности. Иако нивното место на табелата говори друго, Текстилец има добра и солидна екипа, ќе биде тешко, но ќе победиме – истакна предводникот на охридската одбрана, Атанас Поп Стефанија.

Натпреварот од шестата рунда во Супер лигата се игра во 19:30 часот, а цената на билетите изнесува 30 денари.

Мх.П.