Синоќа на сцената “Долни Сарај” свечено беше отворено 47-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјановски, а од името на Локалната самоуправа од Охрид, присутните ги поздрави претседателот на Советот на општината, Владо Чингоски.
Традиционално, на отворањето му претходеше дефилето низ охридската чаршија, а во Центарот за култура “Григор Прличев” беше отворена изложба на резби од Здружението на копаничари од Битола.
Честа да има целовечерен концерт на отворањето на фестивалот ја имаше ансамблот ” Танец”. Инаку во наредните 5 вечери на сцената “Долни Сарај ” ќе продефилираат 13 ансамбли од Австралија, Костарика, Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија и Македонија.
Балканскиот фестивал на народни песни и игри се одржува во организација на Центарот за култура ” Григор Прличев” од Охрид,а под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.
А. Ристоска