Два дена остануваат до големата граѓанска акција за пошумување што ќе се спроведе на 12 март. На „Денот на дрвото“охриѓани ќе засадат дрвца на Мауцкер кај стрелиштето и во с. Требеништа. Дрвцата ги обезбеди „Македонски шуми“, а организиран е и бесплатен превоз до локалциите каде што тие ќе се засадуваат. Вкупно 5 автобуси ќе им бидат ставени на раполагање на охриѓани. Три ќе тргнуваат од кај Гимназијата, а два од кај „Макси Де“ во 8:30ч.
На акцијата како што дознава Ohridnews ќе и се придружат градските советници и новинарите од Охрид.
од промоцијата на акцијата во Охрид
Во соседна Струга дрвца ќе се засадуваат во с.Октиси и во месноста Радин Дол. За таа цел обезбедени се 5 автобуси кои ќе тргнуваат од пред средното училиште „Нико Нестор“ и х. „Дрим“ во 8 ч.
Предвидено е во ова граѓанска акција да бидат засадени 2.050.000 дрвца, односно колку што има и жители во земјата. Акцијата ја подржа и Владата на Р. Македонија која 12 март го прогласи за неработен ден, кој ќе се одработи во сабота.
ohridnews