– Фрлањето на крстот во Охридското езеро, не се натпреваруваше за Гинисов рекорд како што беше најавено, затоа што Гинисовата книга на рекорди, не ги поддржува верските манифестации и здруженија. Но идната година за Гинисов рекорд планираме да ја пријавиме манифестацијата Денот на рибарите, како собир со најголем број на капачи во зимски услови . изјави Димитри Пендовски од Здружението за целосна афирмација на МПЦ – Богојавление.
Бурињата подготвени
Меѓу капачите и годинава е најавено дека ќе бидат градоначалникот Петрески и евроамбасадорот Фуере, кои ќе запливаат по бурето со вино.
Забавата според најавите ќе биде подмачкана со греана ракија и вино и плашица која ќе се подготвува на отворено кај Сараиште.