Имунизацијата против сезонскиот грип во Охрид ќе започне во текот на месец октомври, информираат од Центарот за јавно здравје  – Охрид.

– Се ближи “сезоната на грип” кога милиони луѓе во светот ќе бидат заразени со вирусот на грип. Според Светската здравствена организација, најдобрата заштита од грип е имунизација со сезонска вакцина против грип и таа се препорачува на лица постари од 65 години, хроничните болни, лица со ослабен имунитет и сл. – велат од Центарот за јавно здравје.

Повеќе детали за начинот и динмамиката на имунизација во Охрид, Центарот за јавно здравје ќе соопшти утре.

OhridNews