„ Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес го организира во салата над противпожарната единица во 18 часот.

Состанокот е планиран во соработка со локалната самоуправа- Сектор за комунален развој,  а поканети се председатели на урбани заедници, заедници на станари, фирмите кои стопанисуваат со станбените објекти „Урбан Солитер„ и „Мебо“  и заинтересирани граѓани. На средбата, инспектор за превенција по криминалистички работи,  со пауер поинт презентација ќе одржи едукативно предавање на тема: „Обезбеди се не биди жртва на кражби“.

На средбата предвидени се наменски осврти и на одредбите од Законот за домување.

OhridNews