Охриѓани ќе имаат можност да освојуваат “врвови“ на ноеодамна поставената вештачка карпа за спортско качување кај плажата „Куба Либре“. На 25 јули на оваа плажа ќе се одржи промотивен натпревар во болдеринг .


Болдерингот е уникатна форма на спортско качување  која што е комбинација на техника динамичност, сила и е многу атрактивна за гледачите. Таа е една од трите дицплини во спортко качување покрај  “водство“ и  “брзина “  Болдеринг- от е дисциплина во која просторот се освојува со три четири движења во кратки насоки при што не се користат јажиња.

 – Нудиме интересен натпревар на кој ќе земат учество спортисти од земјата и регионот – вели Александар Гаџовски од оргазнизцкиот тим.

На натпреварот најавени се трисетина учесници меѓу кои и поранешниот европски и повеќекратен балкански шампион, бугарката Цвета Кожухарова.


– Квалификациите  ќе стартуваат во 10 часот, а прво ќе учествуваат девојките, а потаа и натпреварувачите во машка конкуренција. Најдобрите пет од двете категории ќе земат учество во финалето кое ќе се одржи истиот ден во 17 часот – рече Климнет Дуковски .


Карпата чија вредност е 12 илјади евра е донација од  охридската фирма “Адвентура“ која е застапник за италијанскиот производител “Камп“ за опрема за планинарење и алпинизам.

На денешната прес конференција, охриѓани изразија сочуство на трагично загинатата Елена Костовска од битолскиот клуб “Вертикал“, која настрада во несреќен случај при искачување на карпа на кањонот Матка.

М.П.