Во рамките на проектот  „Зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион“,  во петок во Охрид  граѓаните ќе можат да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку  бесплатни инженериски совети и промотивни материјали.

На овој трет од низата отворени денови што беа организирани во Струга и Дебар со свои производи и услуги ќе се претстават и неколку реномирани компании од државава.

Настаните се дел од втората активност на проектот со цел  промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија.  

Настанот е во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Центарот за развој на југозападниот плански регион, а е поддржан од општина Охрид.

Инаку, проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија.

Водечки партнер на проектот е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ“ во партнерство со „Центарот за развој на Југозападниот плански регион“ од Република Македонија и „Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.

OhridNews