Во период кој доаѓа ФК Охрид своето внимание ќе го насочи кон регрутирање во малите категории.

Актуелната управа на клубот, кој  во својата историја има дадено тројца македонски фудбалски репрезентативци (Данчо Целеси, Џевко Шаиноски и Гоце Толески) се одлучи на ваков чекор со цел да се врати во Охрид подзаборавената најдобра споредна работа во светот. Покрај постојната школа, Охрид ќе отвори и свои филијали во околните места.

Наша примарна цел е да ги активираме сите младински школи, и со сите сили ќе настојуваме во иднина охриѓани да бидат носители на играта во тимот. Со цел да го доближиме фудбалот до сите ќе отвориме филијали во охридскиот регион , прво во  Долно Лакочереј потоа Косел, а не е исклучена можноста и поширко во регионот – вели Сашо Алче претседател во ФК Охрид,

Охрид по првиот дел од Втората МФЛ се наоѓа на осмото место со 23 бода. Желбата на сите во градот е да го видат Охрид во прволигашкото друштво, каде според многумина им е и местото.

М.П.