Во охридско во претстојната есенска акција „Ден на дрвото – засади ја својата
иднина“ што ќе се спроведе ширум државата на 13ти ноември (петок) ќе бидат засадени садници на површина од  60 хектари.

Во општина Дебрца ќе бидат пошумени 10 хектари во реонот на
Белчишта кај месноста „Долна краста“, а околу 50 хектари ќе се
пошумат на просторот на „Мазатар“, „Мауцкер“ и падините во правец на
„Буково“.

Координатор на активноста за пошумување на ова
подрачје е јавното шумско претпријатије „Галичица“.

Во претходните три акции од кампањата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ во охридско беа засадени над 100.000 садници.

Ohridnews