По големиот пожар што пред два дена го зафати манастирот Св. Јован Бигорски, помош пристигнува од сите страни. Во акцијата за санација на штетите и помош на монасите кои останаа без покрив над главата се вклучи и градот Охрид.

Вчера за манастирот Св. Јован Бигорски замина првата пратка со лекови, храна и друга помош. Охридскиот комитет за помош на опожарениот манастир најави дека ќе продолжи со прибирање донации, а граѓаните можат да уплаќаат средства и преку телефонот за донација 143 – 444 на трите мобилни оператори, како и на жиро -сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
500-000000-3835-65
Депонент Стопанска банка АД Битола

Ohridnews