Љубителите на филмската уметност вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе имаат можност да го проследат филмот „Три Ани“ кој ќе биде прикажан во рамки на Ревијата на македонски филмски класици, која започна вчеравечер со прикажување на филмот „Хај Фај“.

Според најавите во четврток на 12-ти ноември со почеток во 20 часот охриѓани ќе имаат можност да го проследат филмот „Среќна Нова 49“. Во петок на 13-ти ноември со почеток во 18 часот ќе биде прикажан филмот „Планината на гневот“, а во 20 часот филмот „Тетовирање“.

Влезниците за сите проекции чинат 50 денари, а ревијата се реализира во соработка со „Вардар Филм“.

OhridNews