Охридскиот велосипедски клуб ЕкоДром ќе учествува на второто издание на спортско-рекреативната манифестација “Маврово 2010“ што ја организира холандската амбасада во Р.Македонија. Целта на турнејата е на  ентузијастите велосипедисти и љубителите на пешачењето да им се даде можност да уживаат во природните реткости и убавини на Мавровското Езеро и неговата околина.


– Организацијата вклучува пешачки и велосипедски патеки од минимални 2 км, па се до целосна тура околу Мавровското Езеро. За  најмалите  учесници се организираат посебни активности со музички изведби на различни локации. Истовремено со присуство на оваа манифестација даваме подршка на хуманитарната акција „МОЖЕШ АКО САКАШ“ , за изградба на интензивна нега на Клиниката за Хирургија, информираат од ЕкоДром.

Почетокот на манифестацијата е закажан за недела 06-06-2010 во 12:00

Поаѓањето од Охрид се предвидува да биде околу 09:00 часот во неделата на 06 јуни. Во зависност од бројот на пријавените учесници превозот ќе биде организиран со мини автобус и комбе за превоз на велосипедите или голем автобус за сите учесници, соопшти В.К. ЕкоДром.

Ohridnews