Во четврток, 25 јуни 2015 година во Охрид, Велес, Битола и Скопје ќе се организира собирање хуманитарна помош за мигрантите кои транзитираат низ Македонија. Хуманитарната помош ќе се собира во продавниците на „Биокосмос“ од 9 до 17 часот.
„Со оваа акција сакаме да придонесеме за намалување на страдањата низ кои минуваат бездомните луѓе и деца додека транзитираат низ нашата земја, да ги олесниме нивните маки, да внесеме трошка светлина во нивните животи“, велат организаторите.
Хуманитарната помош која ќе биде собрана ќе биде доставена до хуманитарниот центар во Демир Капија.
Хуманите граѓани може да донираат:
-Храна (леб, намази, житни барсови, вода, нерасиплива конзервирана храна (не свинско), кроасани, млеко, бисквити, бебешка храна, цуцли….)
-Облека (блузи на кратки ракави, ранци, капчиња со стреа, детски шеширчиња, удобни обувки за пешачење, чорапи, кенгури за деца)
-Медицинска помош (гази, многу завои, спреј за рани, бетадин, фластери, аналгини, витамини, магнезиум, електролити, капки за очи)
-Хигиенски средства (влажни марамчиња, пелени за деца….)
Продавницита на „Биокосмос“ во Охрид е лоцирана на булеварот „Туристичка“ наспроти Охридска банка, а сите подетални информации може да се добијат на телефон 046 230-024.
OhridNews