Како да се заработи на алтернативен начин користејќи ги стекнатите знаења и вештини е целта на Фриленс работилницата „Преку фриленсинг до остварување на Вашите кариерни цели“ која ќе се одржи во вторник на 2-ри јуни на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

На овој настан, кој го организира Локалната фриленс платформа Hitlancer.com ќе може да присуствуваат сите заинтересирани студенти и претставници на фирми.

Веб платформата Hitlancer e поддржана од страна на Американската Амбасада во Скопје и US State Department. Тоа е претприемничка идеја на која што работи тим формиран за време на првата Start-up Академија 2013/14 организирана од страна на Summer Work & Travel Alumni (SWTA) Македонија.

Hitlaner претставува онлајн платформа која што овозможува поврзување на компании или индивидуи (креатори на проекти) кои се во потрага на лица со одредени знаења и вештини (фриленсери) за нивно интелектуално ангажирање во определен временски период.

Фриленсерството како концепт на работа и заработување веќе е добро познат меѓу фриленсерите кои што работат на странски проекти. Согласно потребите на пазарот на трудот, во доменот на привремените ангажирања, Hitlancer овозможува правилно алоцирање на финансиските средства и мобилизација на компетентни лица.

OhridNews