Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ –Охрид  ќе организира прва дигитална 3Д филмска проекција.

Проекциите ќе можат да се проследат на 4- ти и 5- ти мај. Со почеток во 17 часот ќе се прикажува анимираната комедија „ Зошто не го изедов татко ми“.Билетот ќе чини 200 денари. Во 19 часот филмот „ Најдобриот егзотичен хотел Мариголд“, влез 150 денари и во 21 часот ќе биде проекцијата на филмот „ Одмаздници 2- Ерата на Ултрон“, влез 200 денари.

Во рамки на проектот формирана е мрежа од кино сали низ Македонија во соработка со Центрите за култура од Охрид, Штип, Прилеп, Струга, Дебар, Кичево.. Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3Д и 2Д филмски остварувања, како и филмски ревии, фестивали итн.

За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни Barco 2К дигитални проектори со сервери и Depth Q 3Д модулатори со 3Д очила, како и Dolby CP 750 аудио процесор со ЈБЛ звучници.

OhridNews