Во општина Дебрца ќе бидат пошумени 10 хектари во реонот на Белчишта кај месноста „Долна краста“, а околу 50 хектари ќе се пошумат на просторот на „Мазатар“, „Мауцкер“ и падините во правец на „Буково“.
Координатор на активноста за пошумување на ова подрачје е јавното шумско претпријатије „Галичица“.
Во претходните три акции од кампањата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ во охридско беа засадени над 100.000 садници.
Во акцијата се очекува да се вклучат голем број граѓани и ученици за кои е обезбеден бесплатен автобуски превоз до локациите каде што ќе се засадуват дрвцата. Акцијата ја поддржа локалната самоуправа и охридскиот градоначалник, кој поради службени обврски го оправда своето отсуство.