Под мотото ” Со Тоше во срцата, со љубов кон децата” охриѓани од основните и средни училишта втора година по ред ќе играат одбојка во чест на роденденот на големиот хуманист и пејач Тоше Проески, чиј што омилен спорт беше одбојката.
Хуманитарниот турнир кој е во организација на Црвениот крст , Сојузот за училишен спорт и ЈП Билјанини Извори започнува во 11 часот а ќе го отвори градначалникот на Охрид , Александар Петрески.
По одиграрните елиминациските натпревари одиграни викендов во финалето за основците ќе играат основните училишта “Братсво Единство ” и “Христо Узунов”
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com