Многу охриѓани, меѓу кои и познати личности од сите области се приклучија кон Хуманитарниот спортски хепенинг кој ќе се одржи во недела во 11 часот и 30 минути во Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“, за поддршка на малиот но голем борец Јане од Скопје, кој боледува од спинална мускулна атрофија.
Неговата иднина и соништата да стане светски познат фудбалер зависат од лекот Спинраза, кој го чека 8 години.
Приказната за Јане го обиколи целиот свет, а поддршка нему му изразија познати светски фудбалери како Пол Погба, Луис Фиго и други.
Јане го сака фудбалот, а идол му е Кристијано Роналдо. Верува дека еден ден ќе оздрави и ќе започне фудбалска кариера. Да му помогнеме да го оствари својот сон.
Спортскиот ден во „Билјанини Извори“ започнува во 11.30 часот. Добредојдени се сите хумани граѓани.
Пол Погба до нашиот Јане: Јане мој човек, биди силен се гледаме наскоро ! (видео)
OhridNews