Со реанимација на сојузот на споротови охриѓани се надеваат да излезат од летаргијата која го зафати  спортот во Охрид.  За работите да се мрднат од мртва точка формирана е комисија за организирање на годишно собрание во текот на месец Ноември.

Канцеларијта на Сојузот ќе ги почека сите клубови кои имаат обезбедено решение за вршење на дејност спорт од Агенцијата за спорт и млади и решение од Централен регистар да ги достават до преседателот на комисијата Радован Попоски  ул “Маршал Тито“ бб (бараки Трудбеник) најдоцна до 15 Октомври.

По доставените решенија ќе биде формирана работна група чија цел ќе биде подготвување на материјали за годишното собрание.

ohridnews