– Своето учество на турнирот досега го пријавиле 15 екипи, што е многу блиску до идеалната бројка од 24 екипи информираше Ненад Цветанов. Екипите учеснички ќе бидат поделени во групи, ќе се игра по бод систем по принцип секој со секого, натпреварите ќе се играат секој ден во спортската сала во терминот од 21-24 часот. Каков ќе биде изгледот на групите ќе биде познато по извлекувањето, кое ќе се случи во понеделник на 14 овој месец во хотелот “Ривиера”, а на кое ќе учествуваат представници на сите екипи.
На натпреварите ќе се имплементираат дел до нај новите футсал правила, а мечевите ќе ги судат реномирани судии. Сопртстската сала која во своите ингеренции има задача да организира спортски натпревари од аметерски и професионален карактер е носител на овај проект.
– Интенцијата на спортската сала во иднина ќе биде овој турнир да прерасне во национален, каде би учествувале најдобрите екипи.Се надевам дека во иднина кога ќе започне со работа новото ЈП за стопанисување со спортски објекти дека овој турнир ќе стане традиционален и дека од следната година ќе имаме турнир во мал фудбал со кој охриѓани ќе се гордеат“, рече на денешната прес конференција раководителот во спортската сала Иван Цветкоски.
Медуимски покровители на турнирот се НТВ Телевизија и веб порталот ohridnews.com. На веб порталот ќе може да се информирате за сите акутелности , резултати , табели поврзани со турнирот, додека најинтересните моменти од сите натпревари во посебни спортски емисии ќе може да ги гледате на НТВ.