Управа за имотно правни работи во текот на месец март ќе ја спроведе акцијата “Отворено со Управата за имотно правни работи”. Акцијата ќе се реализира во сите подрачни одделенија на Управата за имотно- правни односи. Во Охрид ќе се одржи на 19- ти март од 8.30 до 17.30 часот, а во Струга на 16- ти март.
Од министерството за финансии информираат дека со оваа акција целта е да им се излеземе во пресрет на граѓаните преку непосредна комуникација со стручните тимови, да добијат стручна помош за решавање на нивните проблеми од имотно правен карактер.