Настапи на турнири, оргазнизација натпреварувања во текот на летиниот период како и обука на момчиња и девојчиња на возраст од 10 -16 години се скромните резултати кои по една година постоење ги реализираше одбојкарската школа во Охрид.


Од првичниот импакт охриѓани се задоволни, а очекуваат  пријавувањето на екипита во натпреварувњета на ОФМ да повлече поголем интерес. Од клубот ја потенцираат одличната соработка и подршкара која ја добиваат од локалната и од ЈП Билјанини Извори.

Условите и третманот  кој го добиваме во спортска сала се одлични, тренираме во викнедите, а во во иднина очекувам поголем прилив на нови членови – вели Валентина Караѓуле тренер во Охрид.

За време на летото, одбојкарите се селат на плажата “Бафал Бич” каде покрај тренинзите во соработка соработка со Младионскиот Совет Охрид беше оргазниран турнир во Одбојка на песок на кој покрај рекреативците учество зедоа и членовите на школата.

Клубот исто така активно учествуваше во организацијата на турнирот во одбојка организиран од Црвен крст – Охрид, Сојузот за училишен спорт-Охрид и Ј.П.Билјанини Извори – Охрид во чест на Тоше Проески.

–  Задоволна сум од досега постигнатото, бидејќи од редовните членови на школата се издови група од каде во иднина би се формирала екипа, која ќе зема учество на одбојкарските натпревари– истакна Караѓуле

Следна цел е учество на официјалните натпревари од ОФМ во младинска категорија.

М.П.