Нема одложување за натпреварот Охрид – Цементарница кој ќе се одигра според планираниот распоред, денес од 14 часот. Мошне значаен натпревар за “рибарите“ кои во вториот дел од сезоната ќе го бркаат опстанокот во Втората лига. По првите 13 одиграни кола со само 7 бода “белите“ се наоѓаат на претпоследното место.


Една од предностите во вториот дел од сезоната за охриѓани треба да биде тоа што ќе одиграат седум натпревари како домаќини , додека шест пати ќе гостуваат. Охриѓани како гости со 3-0 го совладаа денешниот противник и директен ривал во борбата за опстанко Цементарница. Скопјани по одиграните 13 кола имаат 14 бода.

Охрид како домаќин во првиот дел само еднаш се радуваше на победа и тоа против последно пласираниот Влазерими, додека скопјани на шестте гостувања претпреа два порази , два пати ремизираа и два пати како победници го напуштија гостинскиот терен.

Главен судија на мечот е битолчанецот Зоранчо Илиевски.

М.П.