Охридските ракометари забележаа убедлива победа во Ресен совладувајќи го домаќинот Преспа со 44-19 во 18-та рунда од плејаутот во Супер лигата.
Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски разликата во квалитет ја покажаа уште на стартот од натпреварот.
Од минута во минута „гладијаторите“ ја зголемуваа предноста на семафорот и ја забележаа најубедливата победа сезонава.
В недела ракометарите на Охрид против Металург 2 ќе го одиграат последниот натпревар пред своите гледачи за сезонава, а ќе ја завршат во Штип со Текстилец.
Мх.П.