Охриѓаните Илчо Јоноски и Бојан Ристески ќе бидат дел од квартетот македонски боксери кои ќе настапат на најстариот боксерски турнир “Странџата 2009“ во Бугарија. Покрај нив во Бугарија, земјава ќе ја преставуваат спортистот на Македонија за 2008 година Вели Мумин и стружанецот Наси Хани.

Македонската експедиција ќе ја предводат селекторот на македонската репрезентација Петре Чурлиновски и тренерот на БК Охрид, Алексо Огненоски.

Турнирот кој годинава ќе го има своето 60 издание ќе се одржи од 25 февруари до 1 март. По овој од федерацијата планираат да настапат на турнири во Загреб и Скадар.

ohridnews