Во организација на Црвен крст Охрид, денес, на Градскиот плоштад во Охрид се одржа првиот ROCK’N’MOB музички перформанс на Балканот.

Повеќе од 70 изведувачи, музички групи и пејачки вокали од Охрид и Струга ги изведоа најпознатите песни на U2, Queen, Pink Floyd, Linkin Park, Nirvana i AC/DC. Овој настан беше поддржан од светската Rock’n’mob асоцијација, а пораката за мир, хуманост, толеранција, солидарност, емпатија и поддршка на ранливите и немоќните, која беше упатена од денешниот настан, се рашири низ целиот свет преку преносот во живо на Интернет.

Собраните средства од денешниот настан ќе бидат донирани кај децата од ранливите категории во Охрид во пресрет на празниците. 

OhridNews

Фото Галерија: