Лидерот ќе падне во Охрид и ќе ја одложиме неговата промоција во нов прволигаш“, вели генералниот секретар на Охрид Лоте, Спасе Панџак.


Повеќе од потреби се бодовите за составот на градежниците кој на четири рунди пред крајот со 23 бода се наоѓа во “сигурната“ зона која обезбедува второлигашки фудбал и наредната сезона.

Потребни ни се бодовите, се најдовме во ситуација во која најмалку очекувавме на стартот на шампионатот, но очекувам во последните четири кола да го избориме опстанокот, а низата бодови ќе ја започнеме против 11 Октомври – потенцираше Панџак.

Охриѓани кои во минатото коло претпреа незаслужен пораз од Тиквеш на кој му кумуваа судиите, посакуваат таквите слики да не се повторат во Охрид.

Нас не интересира фудбалот и како и секогаш против “првобранителите“ ќе се покажаме во за нас препознатливо светло  – заврши Панџак.

М.П.