Во Битола натпреварот Пелистер – Напредок ќе го води Ецкоски Марјан а ќе му помагаат Неделкоски Драге и Тодоровски Жарко.
На Милано Арената во Куманово, главен на мечот Милано – Македонија Ѓ.П. е Маркоски Марјан, а негови асистенти се Негриески Кирил и Грданоски Симон, додека на стадионот “Гоце Делчев“ натпреварот Победа – Силекс фудбалската правда ќе ја дели Шулески Стефчо, а ќе му помагаат Чакарески Лазе и Мацески Ацо.
На останатите натпревари на кои не судат охриѓании играат Ренова-Турново и дербито на колото се игра на Градски помеѓу Работнички и Вардар.
Слободен е Металург.