Охриѓани се фокусираат на мајскиот митинг, на кој очекуваат кралицата на спортовите да загосподари со Охрид, со што би се отвориле можностите за уште една промоција на македонскиот бисер.


Контактиравме со Харалд Едлетзбергер, менаџерот на хрватската скокачка во височина Бланка Влашиќ, која е светски првак во оваа дисциплина, за нејзино учество на митингот. Покрај Влашиќ имаме и резервна варијанта, но во моментов не сакаме да размислуваме за неа – вели Иван Цветкоски од АК Охрид.


Атлетскиот митинг Охрид 2010 оваа година ќе го има своето дебитантско издание. Oд оргазнициониот одбор велат дека целта е овај настан да прерасне во традиција, со кој Охрид ќе ја отвора летната сезона.

М.П.