Мрежите мируваа по првите 45 минути во кои гостите го погодија дирекот, а ударот на Китрозоски заврши во рацете на голманот Супиќ.
“рибарите“ поведоа по еден час игра со евроголот на Гоце Толески од слободен удар. Комбинираниот тим на Ѓорески се држеше се до финишот на мечот кога беше досудена најстрога казна за Јавор.
Прецизен од белата точка беше Леонардо Силва.
Наредната контрола за охриѓани ќе биде мечот против Силекс, додека Јавор в сабота ќе игра против Ренова.