Амбициите сезонава на охридскиот ракометен клуб во Супер лигата се пласман на едно од четирите први места на табелата што водат во разигрувањето за шампионската титула.
Во анкетата која беше поставена на најчитаниот интернет портал Ohrid News, повеќето охриѓани (59%) одговорија дека клубот сезонава ќе ја заврши на местата кои водат во плеј-офот, а (41%) сметаат дека Охрид ќе се најде во втората група односно ќе се бори за опстанок.
Охридските ракометари солидно ја отворија новата сезона освојувајќи четири бодови на три натпревари од кои два ги одиграа на гостински терен.
Во единствениот натпревар на домашен терен „сините“ ја совладаа Преспа со 29-22, а следен ривал на менито од охридските ракометари е тимот на Радовиш.
Мх.П.