Охридските кошаркари на најдобар можен начин со убедлива победа над Тетекс 85-67 (22-11, 28-16, 13-16, 22-24) ставија крај на негативната серија од три порази и се вратија на победничките патеки во Втората кошаркарска лига.


Охриѓани до првата победа во пролетната полусезона стигнаа без повредениот Ренато Димитриевски. Избраниците на тренерот Весна Балазоска одиграа одлично прво полувреме кое им го отвори патот до победата и реванш за поразот од есенскиот дел.


Во втората и третата четвртина “белите“ одиграа рутинирано. Порелаксирано во одбраната, комотно во нападот и на гостите од Тетово им дозволија колку толку да го ублажат поразот.


Со триумфот на домашен терен охриѓани го израмнаа ефектот сезонава на шест победи и шест порази додека Тетекс останува во долниот дел од табелата.

Мх.П.