Голем број охриѓани и туристи се приклучија на крводарителската акција, што во организација на Црвениот крст од Охрид, градската општа болница и специјалната болница „Свети Еразмо“ по седми пат се одржува на Плаошник.


-Одзивот е одличен и очекуваме и оваа година да собереме околу 100 единици крв за потребите на здравствените установи во Охрид, изјави за „Ohridnews“, претседателот на охридскиот Црвен крст Сашо Точко.


Крводарителста акција на Плошник традиционално се одржува на празникот Св. Климент Охридски.

Ohridnews