Во рамките на акцијата „Здравје за сите“ охриѓани и бројните гости вчера имаа можност бесплатно да извршат лекарски преглед.
бесплатен здравствен преглед
Поради топлото време акцијата се одвиваше утрото од 7-11ч. и попладнето од 17-20ч. во паркот пред Центарот за култура Григор Прличев. Таму граѓаните можаа бесплатно да проверат шеќер, крвен притисок и холестерол.
Охриѓани и гостите ја поздравија ваквата акција. Велат тоа е убаво но треба вакви акции да има почесто.
не дознавме колку граѓани се прегледале
Лекарскиот тим кој ги обавуваше бесплатните прегледи не беше расположен за разговор. Ни рекоа не смееле да даваат изјава без одобрение од директорот (не кажаа кој директор). Само кусо кажаа дека интересот на граѓаните бил добар. Нема да им замериме зошто вчера обавуваа навистина хумана активност, но сепак не е лошо малку повеќе транспарентност, макар и со дозвола на директорот.
Г.М.