Читателите на Оhridnews и даваат блага предност на репрезентацијата на Германија во однос на Шпанија со која ќе играат во финалето на 13-то Европско првенство вечерва во Виена.

Шестотини дваесет и осум читатели(25%) сметаат дека Германија ќе биде новиот европски шампион, додека истото за Шпанија го мислат 428 читатели или 17%.

Од фаворитите големи шанси за титулата охриѓани и даваа на Италија (444-18%), Португалија уживаше симпатии на 281 читател или 11%, а интересно е дека само 2% од анкетираните или 46-мина сметаа дека Франција може да биде европски шампион. Голем дел од читателите, 665-27% сметаа дека нов европски првак може да биде некоја друга репрезентација.

Ohridnews