По повод денот на крводарителството во Р. Македонија, Црвен крст – Охрид денеска во 13:00 ч., во Центарот за култура “Григор Прличев“, организира свеченост на која ќе бидат доделени признанија на заслужни крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.
Во годината што измина Црвениот крст Охрид ја оствари предвидената количина на единици крв со 147%, односно во 2008 година биле реализирани 2676 дарувања крв.