Пластична амбалажа, градежен шут, нафтени печки, ВЦ школки и најразличен друг цврст отпад беше изваден  неодамна од водите на Охридското Езеро. На површина уште еднаш исплива горливиот проблем од што сите ние треба да се срамиме, беа првичните реакции на учесниците во големата акција за подводно чистење на езерото.

И граѓаните со неверување гледаа што се’ беше извадено од езерото. Но како отпадот стигнал во езерото? Кој го фрлил? Кој е одговорен?  Граѓаните на Охрид одговорот на овие прашања самокричично го бараат во сопственото однесување. На тоа упатуваат и резултатите од анкетат што деновиве ја спроведе „Ohridnews“. На прашањето „ Кој е виновен за загадувањето на Охридското Езеро со цврст отпад?“, 39% од читателите одговориле дека подеднакво вина сносат и охриѓани и туристите. Сепак високи 36% сметаат дека вината за загадувањето на езерото исклучиво е кај охриѓани, наспроти 6% од читателите кои одговорноста ја лоцираат само кај туристите, додека 19% од нив сметаат дека државата и инспекциските служби се одговорни за ваквата состојба.

Во анкетата беа вклучени 1182 читатели.

Ohridnews