Натали, Кристијан и Шенон го разиграа Балканот во ритамот на мегапопуларниот хит „Gangam Style“. Тие патуваат низ балканските градови и заедно со случајните минувачи танцуваат во „Gangam Style“ на различни локации, плажи, плоштади, бензински пумпи…
Песната на јужнокрејскиот рапер Псај, „Gangam Style“,по излегувањето во средината на јули доживеа планетарна популарност. На заразниот ритам не можат да одолеат познати личности, спортисти, па дури и политичарите. Неодамна „гангаше“ и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
видео: Натали Башоска