Ракометарите на Климент Охридски не се дел од четврт-финални групи од машкиот ракометен куп на Македонија, кои ќе се играат во Скопје.


Мечевите од четвртфиналните групи ќе се играат на 18 и 19 април. Победниците од групите ќе се пласираат на финалниот турнир.

Група 1 (организатор Вардар про): Борец Младост, Повардарие, Овче Пол и Вардар про.
Група 2 (организатор Тинекс П.): Текстилец, Златен даб, Тинекс П, Пелистер.
Група 3 (организатор МРК Вардар): МРК Вардар, Струга, Преспа и Куманово.
Група 4 (организатор Металург јуниор): Металург ј., Јехона, металург, ВВ Тиквеш.

OHRIDNEWS