Инаку, освен издавање на платни налози, Министерството за внатрешни работи веќе отпочна и со поднесување на барања за поведување прекршочна постапка против лицата кои во предвидениот законски рок (8 дена) не ги платиле платните налози. Досега, по Законот за јавна чистота на подрачјето на општина Охрид се поднесени 655 прекршочни пријави.
Најголемиот дел од прекршоците на Законот за јавна чистота се однесуваат на фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал, фрлање и оставање на хартија, опушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и друго.