Охридските ракометари ги прокнижија првите три бодови во плејофот од Супер лигата победувајќи го Работнички со 30-24 (15-8) во петтата рунда од шампионатот.
Избраниците на Горан Андоновски мотивирано и одлучно го започнаа мечот, а тоа им донесе опиплива предност уште на стартот од мечот (7-2).
Домаќините по водството целосоно ја контролираа играта и резултатот и на гостите не им дозволија ниту да помислат на поволен резултат во „Билјанини Извори“.
„Гладијаторите“ во вториот дел и покрај позитивата од седум погодоци уфрлија брзина погоре и стигнаа до највисоки десет голови предност.
Андоновски шанса им даде на сите ракометари вклучувајќи ги и помладите Косто и Ивановски, а тогаш Работнички успеа да намали и да претрпи прифатлив пораз во Охрид.
После овој меч со Работнички, ракометарите на Охрид ќе се сретнат два пати со Вардар, по еднаш во плејофот од Супер лигата и во 1/2 финалето од Купот на Македонија.
Со овие три бодови, охридските „гладијатори“ се враќаат во игра за местата на табелата кои носат излез на европската ракометна сцена.
Р.К. Охрид : Трајковски (18 одбрани), Колев, Пецаков, Андоновски, Новаковиќ 1, Тасески, Павловиќ 4, Печенковски 5, Кежиќ 4, Вражалица 4, Мачу 4, Хогас 1, Трифуноски 3, Белевски 4, Костов, Ивановски.
Р.К. Работнички: Ѓоргевски (10 одбрани), Алушовски, Трајквоски, Маркоски 7, Димовски 3, Крстески, Орданоски, Марсениќ 3, Мојсовски 2, Ѓуроски 1, Станкоски, Димитриевски 7, Гајиќ 1.
Мх.П.