Виси во воздух одржувањето на 25. јубилеен атлетски маратон, кој по повод 8 Септември денот на македонската независност традиоционално се одржува во Охрид. Финасиските проблеми со кои се соочени организаторите на маратонот ги примораа да размислуваат на ваков потег.


Не е тајна дека финасиите се главен проблем, велат тие кои одлучија на средба со новинарите утре од 11 часот да ја информираат јавноста.

Охридскиот атлетски маратон кој е во организција на АК Охрид се трча на патеката долга 30 км од караулата кај Св. Наум до Охрид. Во последните неколку сезони во склоп на маратонот се одржува и Регионален Војнички Атлетски Маратон .

М.П.