За православните Св. Трифун, за католиците Св. Валентин, денешниот празник подеднакво го слават и едните и другите. Во последниве години и кај нас младите се почесто го прославуваат Св. Валентин како празник на вљубените. По тој повод на саканите им подаруваат цвеќиња срциња, мечиња….
дуќаните во чаршијата подготвени за денот на вљубените
Охрид не е исклучок, па излозите од продавниците за подароци и цвеќарниците се пригодно украсени и преполни со прекрасни дреболии но и со бројни купувачи кои уште вчера избираа подароци за своите сакани.
охриѓани го одврзаа ќесето за денот на вљубените
Постојат повеќе легенди за тоа кој бил Свети Валентин и зошто овој ден се слави како празник на вљубените. Католичката црква признава барем три различни светци наречени Валентин или Валентинус, сите биле маченици.
Една од најраспространетите легенди кажува дека Валентин бил свештеник кој служел во текот на третиот век во Рим. Кога императорот Клаудие Втори одлучил дека неженетите мажи се подобри за војска од оние со жени и фамилии, ги забранил браковите за младите мажи – неговите потенцијални војници.
Валентин, сфаќајќи ја нанесената неправда, се спротиставил на Клаудие и продолжил да склучува бракови на млади љубовници во тајност. Кога тие активности биле откриени, Клаудие наредил да го погубат.
Секоја година за Св. Валентин (Денот на вљубените) во Англија и западниот свет се испраќаат милиони честитки. Најстара позната честитка која се чува и денес е онаа на Шарл, Војводата од Орлеан кој иж напишал и испратил поема на својата жена додека бил затворен во злогласниот затвор Тауер Бриџ. Поемата (честитката) сега е дел од британската библиотека во Лондон.
И на љубителите на доброто вино и на вљубените им го честитаме празникот. Најдоброто што можете да го направите е да ги прославите двата празници заедно опиени од љубовта.
ohridnews
фото: васко Бујароски